Група МАЕСТРО е музички состав од Скопје основан 2012 година, кој интерпретира македонски народни и новокомпонирани песни и ора, балканска народна и популарна музика, светски популарни хитови, како и класична и евергрин инструментална музика и е една од ретките групи во Македонија кои можат да ги задоволат сите музички вкусови со богатиот и разновиден репертоар. Покрај многубројните приватни и деловни прослави во Македонија, Група МАЕСТРО бележи настапи и надвор од нашата земја. Група МАЕСТРО е редовен учесник на фестивалите за новокомпонирана македонска фолк музика: "Валандово", "Цветници", "Роса", "Охрид фест" и др. како и дел од концертите на најпознатите музички имиња. Во група МАЕСТРО членуваат професионални академски музичари во состав: 🎻 Илија Филиповски - виолина 🎷Александар Тренкоски - кларинет, саксофон и гајда 🎹 Војче Петрушев - хармоника 🎙 Кирил Митоски - вокал 🎹 Љупче Ѓоргиев - клавијатури, кавал и зурла 🥁 Гаврило Дуковски - ударни инструменти Skopje, Macedonia 🇲🇰
6,358 views
2,308 views
332,871 views
164,297 views
132,811 views
172,516 views
80,918 views
414,567 views